Интензивирање на соработката со ЕБОР

09.03.2018 14:02

Претставниците на ЕБОР изразија силна поддршка за реализација на реформските процеси, се посочува во соопштението од владината прес- служба.

Реформската агенда и поголема реализација на капитални инвестиции се врвни приоритети на владата за годинава. Ќе се интензивира соработката со ЕБОР за реализација на овие цели, премиерот Заев на средба со претставници на Европската банка за обнова и развој.

Претставниците на ЕБОР изразија силна поддршка за реализација на реформските процеси, се посочува во соопштението од владината прес- служба.

На состанокот се разговарало и за реформата во јавната администрација, за реализацијата на капиталните инвестиции, јакнење на капацитетите на општините и за мерките на поддршка од планот за економски раст, со кои се очекуваат нови инвестиции и раст на продуктивноста и конкурентноста.