Владин економски тим на средба со бизнисмени од ССК

12.03.2018 11:07

На состанокот што ќе се одржи во ССК ќе присуствуваат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши...

Владин економски тим денеска ќе има состанок со претставници на компании- членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК)  за предизвиците во економијата за малите и средни претпријатија.

На состанокот што ќе се одржи во ССК ќе присуствуваат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.