„Та Неа“: Коѕијас во Скопје на 22-ри и 23-ти март

13.03.2018 12:36

Спротивно на „Та Неа“ весникот „Катимерини“ со тврдење дека посетата на Коѕијас е незивесна...

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, ќе пристигне во Скопје на 22-ри март во дводневна посета, објави грчкиот весник „Та Неа“.

Како што пренесува МИА од Атина, во текстот под наслов „Со мало задоцнување Коѕијас во Скопје“, новинарот пишува дека посетата се смета за важна, бидејќи разговорите ќе бидат концентрирани на „грчките предлози и очигледно и соодветните скопски предлози“ за постигнување еден меѓународен договор што ќе биде основа за можен компромис за името.

Спротивно на „Та Неа“ весникот „Катимерини“ со тврдење дека посетата на Коѕијас е незивесна, затоа што разговорите за името забавиле. Според „Катимерини“, Коѕијас ќе патува за САД и затоа  патувањето за Скопје е одложено на неодредено време.