Собрание на РМ

Утре пленарка за Законот за јазиците

13.03.2018 13:25

Засега нема информации дали и каков договор е постигнат меѓу пратеничките групи на ДУИ и СДСМ во однос на тоа дали ќе амандманите ќе бидат разгледани или, пак, ќе се гласа директно за законот.

Во Собранието утре попладне нов обид да се најде решение за 35.500 амандмани на Законот за употреба на јазиците. Ова било договорено на денешната средба на претседателот на Собранието, Џафери со координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на парламентот, но без координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат присуство на пленарката.

Сѐ уште нема официјални информации дали и каков договор е постигнат меѓу ДУИ и СДСМ, дали амандманите ќе бидат разгледани или пак, ќе се гласа директно за Законот.

Опозициската партија останува на ставот дека амандманите треба да се разгледуваат на седница.

Премиерот Заев вчера изјави дека неделава Законот треба конечно да се донесе.