Одбележани 37 години од формирањето на специјалната единица „Тигар“

13.03.2018 15:02

Секогаш подготвени за брзо и ефикасно соочување со предизвиците. Припадниците на најелитната полициска единица „Тигар“ гарант за безбедноста и сигурноста на државата. Одбележана годишнината од формирањето. Министерот Спасовски покрај поддршката за професионално дејствување, им вети и поддршка за модернизација и доопремување...

Брзината на дејствување и вештината препознатливи за најелитната полициска единица „Тигар“. Постојано подготвени да одговорат на задачите. Секогаш еден чекор понапред од прекршителите на Законот. Храбри и професионални, нејзините припадници со својата подготвеност, пожртвуваност и професионализам со право го докажале епитетот на единицата- елитна. Постои 37 години, со успешно спроведени акции.

„Тигрите“ се тивките, но едни од најсилните механизми за заштита, подготвени да одговорат во непредвидливи ситуации, со висок ризик по сопствениот живот, нагласи министерот Спасовски. Покрај поддршката за професионализам, им вети и модернизација и доопремување.

Единицата во 2001-та го понесе товарот и заедно со другите припадници на безбедносните сили беше на браникот на државата за зачувување на уставниот поредок и територијалниот интегритет.

Обесштетување на бранителите, вработување и решавање на станбеното прашање, бараат од здружението. Ќе го предочат пред министерот за внатрешни и премиерот.

На Денот на единицата, оддадена почит и за седумтемина припадници на „Тигар“.

 

Наташа Гркова- Петрушевска