Депонии: Наместо отпор кон европската практика, строги контроли и соработка

13.03.2018 15:17

До крајот на неделава ќе проработи филтерот во депонијата „Дрисла“, уверува Владата. Рак рана остануваат регионалните депонии. Од екологија велат - ќе се работи на утврдување на локациите и имплеметација на законската регулатива. Бизнисот со став- закони има, потребна е контрола на спроведувањето...

Филтерот на печката за медицински отпад ќе профункционира до крајот на неделава- убедуваат од Влдата, но дивите депонии остануваат рак рана на животната средина. Со децении заглавени во теоријата, до 80-тина вакви локации во државава, во просек шест до осум во секоја општина, демнеат по здравјето на граѓаните.

Алармот свети, отпадот се трупа, локалните власти со години бегаат од товарот што го носат Европските препораки за третман. Од екологија бараат, наместо да пружаат отпор да соработуваат да се направат регионални депонии, на современ начин да се менаџира со сметот.

„Депониите кои треба да се изградат нема да бидат како онаа во Струга, тоа ќе биде место кадешто ќе има работна сила, каде ќе се произведуваат или нови суровини или енрегија. Засега само во Јгоситочниот и Северозападниот дел се најдени локации за депонии. Апелирам до сите градоначалници да соработуваат, да ги следат европските текови. Во интерес на граѓаните, Владата застанува на чело на овој процес, и сме убедени дека тоа е иднината и очекувам поддршка од сите“, посочува Јани Макрадули, заменик- министер за животна средина.

Закони за упарвуавње со отпадот има, имплементацијата е слаба карика. Бизнис еснафот бара, поголема контрола, да се зголеми и опфатот со третман на маслата, гумите, тесктилот. Над 40 насто од количините отпад од пакување се пуштаа на пазарот, да се санкционираат компаниите што финансираат системи за нивно собирање и рециклирање.

Според Асоцијацијата при Стопанската комора оваа евазија го оштетува буџетот со 3 до 4 милиони евра на годишно ниво. Велат, потребна е Клириншка куќа што ќе го следи процесот.

„Има фирми кои плаќаат за селекција на својот отпад, а од друга страна има дел од фирмите кои никаде не плаќаат, ниту кон колективните постапувачи, ниту кон државата, со што се нарушува конкурентноста“, вели Филип Ивановски, Асоцијација за управување со отпад при СКМ.

Потребна е институционална поддршка и строги механизми на контрола за да се надмине проблемот- сугерираат експертите од Бугарија.

„Проблемите се на целото општестство на институциите, за да се совладаат, потребни се многу добри закони, многу строги контроли од страна на институциите од владата и неопходни се финансисиски средства што треба да ги имаат компаниите за да можат да инвестираат во опрема“, вели Тодор Боургоуџиев, менаџер на компанија за третман на отпад од Бугарија.

Во Македонија годшно се создаваат над 700 илјади тони отпад, 100 илјади од пакувања, а над 15 илјади електронски и електричен.

Сузана Фиданска Стоевска