Иванов се срeтна со хрватската вицепремиерка, Пејчиновиќ Буриќ

13.03.2018 16:23

Претседателот се заблагодарил за поддршката од Загреб за евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Претседателот Ѓорге Иванов попладнево имаше средба со хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни и европски работи Пејчиновиќ Буриќ. Се заблагодарил за поддршката од Загреб за евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Шефот на државава оценил дека новата стратегија за проширување на Европската комисија е позитивен сигнал за преземање решавачки чекори во насока на добивање датум за почетокот на преговорите во јуни.

Соговорниците сметаат дека двете земји треба да се фокусираат на проекти од значење за економскиот развој и на соработката во одбраната.