Тутунопроизводителите бараат повисоки откупни цени

14.03.2018 10:09

Тутунарите го подготвуваат расадот за новата реколта на тутунот. Тие бараат покрај зголемените субвенции за новото производство да се зголеми и откупната цена за 20 проценти поради поголемените трошоци.

Тутунопроизводителите бараат од откупувачите за 20 проценти да ги зголемат откупни цени по класи и типови на тутун за реколтата од 2018-та година, заради зголемените трошоци за производството и подобриот квалитет на родот.

Годинава тутунарите се задоволни од проценката на квалитетот на тутунот и од зголемувањето на субвенцијата.

Според нив со поголемите субвенции за повисоките класи ќе се зголеми и квалитетот со што ќе стимулира и производството на поквалитетен тутун кое ќе им донесе поголема финансиска поддршка од државата.

Ланската реколта беше откупена по просечна цена од 217,5 денари по килограм, а сега тутунарите бараат просечната цена да биде 244 денари.

Издавањето евидентни листови, или таканаречените бели картони за новата реколта е до крајот на март, а според законот до 10 април треба да бидат склучени и договорите со монополите.

 

Методија Трајков