Безвизен режим меѓу Македонија и Кина

14.03.2018 10:11

Одлуката доаѓа по предлог на министерствата за надворешни за потпишување меѓусебна спогодба.

Безвизен режим меѓу Македонија и Кина- се креваат границите за државјаните на двете земји, реши вчера Владата. Одлуката доаѓа по предлог на министерствата за надворешни за потпишување меѓусебна спогодба.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатен и предлогот за поведување постапка за водење преговори за потпишување спогодба за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на  Република Украина, Руската Федерација, Азербејџан и Казахстан