Тилерсон го напушта Стејт Департментот на 31-ви март

14.03.2018 10:16

Откако претседателот Доналд Трамп донесе одлука за отказ на дражвниот секретар Тилерсон, должноста до крајот на март ја презема неговиот заменик Џон Саливан. Новинарите во Стејт Департментот објавија дека Белата куќа го отпуштила и заменикот секретар Стив Голдстајн.

Неколку часа по добиениот отказ од Белата куќа, државниот секретар во заминување Рекс Тилерсон одржа прес-конференција во Вашингтон, најавувајќи дека официјално ја напушта функцијата на 31-ви март, а дотогаш на негово место ќе биде неговиот заменик Џон Саливан. Од април на чело на Стејт Департментот застанува шефот на ЦИА, Мајк Помпео. Неговата позиција, пак, ќе ја преземе Џина Хаспел, сегашен заменик директор на Централната разузнавачка агенција.

Најважно е да се обезбеди сигурна и лесна транзиција во период кога земјата продолжува да се соочува со сериозни политички и безбедносни предизвици“, изјави државниот секретар во заминување, Тилерсон.

Тилерсон потенцираше неколку надворешнополитички пораки. Не му изрази благодарност на претседателот Трамп, а не ги поздрави ни неговите политики. Нагласи дека е направен прогрес и во прекинот на огнот во Сирија, но и максималниот притисок врз Пјонгјанг дал резултати над очекуваното.

Останува уште многу работа за проблематичните однесувања и акции на руската влада. Русија мора внимателно да процени како нејзините постапки би биле во најдобар интерес за својот народ, но и за целиот свет. Ако продолжат по истата патека, ќе бидат уште поизолирани, а таквата состојба не е во ничиј интерес“- нагласи Тилерсон.

Поранешноит шеф на ЕксонМобил имаше серија препирки со Белата куќа откако беше назначен за шеф на дипломатијата лани. Трамп којшто го отпушти Тилерсон преку Твитер порака, потенцира дека несогалсувањата со Тилерсон се сведоа на лична хемија.

Ние се сложувавме добро, но имавме несогалсувања за одредени прашања. Ако зборуваме за договорот за Иран, ќе кажам дека е ужасен. Но веројатно тој мислеше дека е добар. Со Мајк Помпео имам сличен мисловен процес. Ќе биде многу добро“, изјави претседателот Трамп.

Анонимен извор од Белта куќа изјави дека Трамп инсистира на нов тим за претстојната средба со Северна Кореја и разни трговски преговори.

Смената на Рекс Тилерсон е најголемата промена во администрацијата на Трамп, а одлуката се очекуваше од октомври кога беа обелоденети несогласувањата меѓу двете страни. Трамп неколкупати се спротивстави на дипломатските инцијативи на Тилерсон, а минатата недела не го извести ни дека прифатил средба со лидерот на Северна Кореја.

Маја Филдишев