Рочиште за случајот „Монструм“ во Кривичен суд

14.03.2018 10:21

На минатото рочиште од повторното судење за овој предмет, што се одржа на 12-ти февруари, беше прочитан обвинителниот акт. Обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со кој обвинетите се товарат за тероризам.

Во Кривичниот суд треба да се одржи рочиште за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во Скопје на 12 април 2012 година.

На минатото рочиште од повторното судење за овој предмет, што се одржа на 12-ти февруари, беше прочитан обвинителниот акт. Обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со кој обвинетите се товарат за тероризам.

Тој прочита само едно од обвиненијата за случајот. На обвинителна клупа на минатото рочиште беа четворица обвинети, додека првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои има меѓународни потерници со години се во бегство во Косово.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12-ти април 2012-та година, на Велики Четврток, пред Велигден.