Судскиот совет ќе избира прв човек на Апелација

14.03.2018 10:23

На огласот се пријавиле 11 кандидати, од Апелациониот суд во Скопје и од Основниот суд Скопје 1, од Управниот суд, од Скопска двојка и од Кавадаречкиот суд.

Судскиот совет ќе избира прв човек на Апелациониот суд во Скопје, на местото на сегашната претседателка, Љиљана Ивановска-Шопова, која е пред пензија.

На огласот се пријавиле 11 кандидати, од Апелациониот суд во Скопје и од Основниот суд Скопје 1, од Управниот суд, од Скопска двојка и од Кавадаречкиот суд.

Неофицијално, како еден од можните идни претседатели на Апелација се споменува судијката Добрила Кацарска, која суди дел од предметите на Специјалното јавно обвинителство, а не е исклучена можноста и за судијката Гордана Спиревска. 

Досегашната претседателка на судот, Љиљана Ивановска-Шопова, како претседателка на кривичниот совет, дозволи бомбите на СЈО да бидат доказ во постапките.