Влада на РМ

Утврдени предлог- измените на законите за судови и за Судски совет

14.03.2018 10:44

Основна цел на измените и дополнувањата на Законот за судски совет, како што наведуваат во соопштението од владината прес-служба, е внесување мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот на секои две години.

Владата на седница вчера ги утврди предлог законите за изменување и дополнување на Законот за судски совет на РМ и на Законот за судовите.

Основна цел на измените и дополнувањата на Законот за судски совет, како што наведуваат во соопштението од владината прес-служба, е внесување мерливи квалитативни критериуми за оценување на работата на судиите и претседателите на судот на секои две години.

Воедно се внимаваше на целосна избалансираност на критериумите во системот на оценувањето. Истовремено се интервенира и во однос на одребите за член на Совет со право на глас, рангирање на кандидати за избор на судии во повисок суд, се зајакнува одговорноста во работата на Советот и слично, појаснуваат од Владата.

Со измените што се предлагаат се зајакнува квалитативниот критериум во оценувањето на судиите и претседателите на судовите во однос на квантитативниот. Направени се и вградување на препораките од Венецијанската комисија дадени во последните изменувања и дополнувања на Законот за Судски совет на Република Македонија, во однос на транспарентното работење на Советот. Се внесуваат и измените предвидени согласно Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Измените и дополнувањата на Законот за судовите, пак, произлегуваат  од потребата  за реформа на судството, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот систем, стратегиската цел на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување на ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди.

Двата предлог-закона, за Судскиот совет и за судовите, ќе бидат доставени до Собранието на Република Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија на натамошна постапка за усвојување.