Москва: Заканите на Лондон нема да останат без одговор

14.03.2018 11:00

Русија ги утврди обвинувањата на Лондон како лажни и ги нарече провокација.

Заканите на Велика Британија за санкции против Русија поради труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал нема да останат без одговор, изјави руското Министерство за надворешни работи.

Русија ги утврди обвинувањата на Лондон како лажни и ги нарече провокација.

Велика Британија даде рок на Русија до полноќ да објасни како невропатска материја, создадена од Аоветскиот сојуз, била користена за труењето на поранешниот руски двоен агент, кој предавал тајни на британското разузнавање.

Русија вели дека нема ништо заедничко со труењето на Скрипал.