Бундестагот ја реизбра Меркел за канцелар

14.03.2018 12:15

Владината коалиција на Меркел, во која влегуваат Христијанско- социјалната унија и опозициската Социјалдемократската партија има вкупно 399 места во Бундестагот кој има вкупно 709 члена.

По четврти пат, Долниот дом на германскиот Парламент ја реизбра лидерката на Демохристијаните, Ангела Меркел за Канцелар на Германија, по четврти пат.

364 пратеници гласаа „за“, 315 беа „против“, додека деветмина се воздржаа од гласање. Владината коалиција на Меркел, во која влегуваат Христијанско- социјалната унија и опозициската Социјалдемократската партија има вкупно 399 места во Бундестагот кој има вкупно 709 члена.

Меркел е реизибрана на функцијата речиси 6 месеци по изборите одржани на 25 септември минатата година. Европската унија, миграцијата и азилантите, Брегзит и домашната економија се главните точки од програмата на канцеларката.