Судскиот совет не избра претседател на скопска Апелација, кандидатите на вонредно оценување

14.03.2018 16:18

Судскиот совет не избра претседател на скопска Апелација. Судот ќе функционира со вршител на должноста. На тоа место е назначена Лидија Димчевска. Решено е да се изврши вонредно оценување на кандидатите...

Судскиот совет го одложи изборот за претседател на скопска Апелација. По барање на членот Самарџиовски, беше одлучено да се изврши вонредно оценување на кандидатите.

Оценувањето го опфаќал периодот од 2015- 2016 година од кога е помината цела година, што е премногу за нивните реални заслуги, смета Самарџиовски. Вториот негов аргумент беше дека извештајот за акмис системот покажал низа неправилности при распределбата на предметите.

На ваквиот предлог се спротивстваи Александра Зафировска, таа побара да се направи избор по ранг листата бидејќи постапката е веќе завршена. Нема законски пречки за вонредно оценување, реплицираше нејзиниот колега Богдановски.

Со осум гласа „за“ Советот одлучи вонрдно оценување на кандидатите за претседател на скопска Апелација, до тогаш со неа ќе раководи Лидија Димчевска како вршител на должност.

Претседателот на Судскиот совет во постапката не гледа ништо спорно. Не коментара зошто во Советот за реформи нема преставник од телото со кое раководи.

Вонредно оценување ќе има и на кандидатите за претседател на Основниот суд Дебар, и за членовите на Врховен.

 

Фиљана Кока