Играна серија

САБОТЕРИ

Вторник, 21:55
Премиерна серија

Норвешка/ Германија/ В. Британија, 2014

Режија: Пер-Олав Соренсен
Улоги: Еспен Клоуман Хејнер, Кристоф Бах, Ана Фрил, Пип Торенс, Денис Сторхеј
Жанр: историско- воена драма

Епска мини серија за едно од најдраматичното, но и најмалку познато поглавје од Втората светска војна - обидот на нацистичка Германија да направи нуклеарна бомба. Серијата зборува и за германските научници кои користеле уреди за производство на тешка вода во Норвешка за добивање ураниум, главна компонента за производство на атомска бомба, како и за плановите за саботажа на тие уреди. По неколку дена марширање низ длабок снег, шестмина норвешки командоси конечно пристигнуваат на една планинска висорамнина над норвешкото гратче Рјукан. Таму се среќаваат со уште четворица војници кои учествувале во претходни неуспешни обиди за саботирање на централата. Во прашање е многу тешка задача, но влогот е преголем - да се спречи Хитлер да направи атомска бомба!