Собрание

Јавна расправа за националната стратегија за култура

30.03.2018 16:01

Прва јавна расправа за националната стратегија за култура. Се дебатираше за Скопје 2014-та, за немањето услови за работа во институциите од културата, но и за превработеноста...

Повеќе пари за културата, Закон за театар, отворање музички институции во Битола, Тетово и во Штип, за да се растовари Македонската опера и балет. Во Собранието одржана првата јавна расправа за предлог- националната стратегија за развој на културата 2018- 2022 година. Претставниците со забелешка дека документот не содржи конкретни мерки и рокови со кои ќе функционира.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти забележа, што во предлог- стратегијата не се споменува заштита на современата архитектура, која како што рече со проектот „Скопје 2014“ најмногу била уништена.

Директорите на Националниот конзерваторски центар и на Музејот на македонија, Мемет Селмани и Гордан Николов, со заеднички став дека треба да се преиспита целта на постоењето на Управата за заштита на културното наследство.

За министерот Алаѓозовски, приоритети во документот се инклузивност, департизација и деполитизацијата

Очекувањата на учесниците се да се подобри текстот на предлогот до втората јавна расправа и пред неговото усвојување во Парламентот.

 

Александра Спировска