Македонската филхармонија доби ново концертно пијано

02.04.2018 14:32

Македонската филхармонија доби ново концертно пијано од престижната марка „Стенвеј“, вредно околу 160.000 евра, донација од една од водечките европски градежни компании- „Штрабаг“...

Македонската филхармонија доби врвно концертно пијано од марката „Стенвеј“. Донација вредна речиси 160.000 евра од компанијата „Штрабаг“. Директорот Илиевски вели дека инструментот ќе донесе нови можности за Филхармонијата. Задоволен е што по 26 години години оваа институцијата добива врвен инструмент на кој ќе имаат можност да музицираат голем број светски и домашни ѕвезди, а ќе се изведуваат и ексклузивни концерти.

За министерот Алаѓозовски донацијата е резултат на меѓусебното почитување и коректниот однос меѓу „Штрабаг“ и ресорот. Во изминатиот период интензивно контактирале за да се надминат проблемите со долгот за изведба на објектот на Филхармонијата.

Покрај оваа донација, компанијата „Штрабаг“ ќе го обезбеди гостување на австрискиот диригент Густав Кун, кој заедно со светски солисти во октомври ќе ја изведат Деветата симфонија на Бетовен.

 

Викторија Милевска