Колективниот договор на вработените во културата пред финализирање

04.04.2018 11:46

Нацрт - колективниот договор за култура, како што најавуваат од министерството, целосно ќе го преуреди начинот на утврдување на платите на вработените во установите, а траба да реши и други отворени прашања поврзани со правата на вработените, имајќи предвид дека претходниот колективен договор е истечен во 2008 година.

Министерството за култура информира дека нацрт колективниот договор за вработените во културата е подготвен, во консултации со претставници на синдикатите и на установите во културата, и целиот процес се очекува да се финализира до крајот на годината.

Нацрт - колективниот договор за култура, како што најавуваат од министерството, целосно ќе го преуреди начинот на утврдување на платите на вработените во установите, а траба да реши и други отворени прашања поврзани со правата на вработените, имајќи предвид дека претходниот колективен договор е истечен во 2008 година.

Договорот, меѓу другото, ќе го регулира и надоместокот на трошоци за превоз, за надомест за теренска работа надвор од установата, како и за надоместоци за дополнителни работи што произлегуваат од матичноста на установата. Договорот содржи и нови одредби за работно време, одмори и отсуства, одредби за безбедност и здравје при работата, како и одредби за платено отсуство при изработка на магистерска работа, докторска дисертација, уметничко доусовршување и учество на конгреси, семинари и конференции.

Од министерството најавуваат дека Нацрт - колективниот договор набрзо ќе биде ставен на разгледување од страна на синдикатите и институциите.