Банкарство и финансии

Годишна конференција на НБРМ во Охрид

13.04.2018 11:06

На конференцијата се предвидени и две панел- дискусии. Првата ќе ја водат гувернерите на централните банки од Македонија, Белгија, Хрватска, Албанија и на Косово, кои ќе зборуваат за новиот глобален циклус и за нормализирањето на монетарната политика.

Вториот работен ден од годишната конференција на Народна банка на Република Македонија што се одржува во Охрид ќе почне со воведно предавање на гувернерот на Централната банка на Белгија, кој зборува за периодот од една деценија по глобалната финансиска криза.

На конференцијата се предвидени и две панел- дискусии. Првата ќе ја водат гувернерите на централните банки од Македонија, Белгија, Хрватска, Албанија и на Косово, кои ќе зборуваат за новиот глобален циклус и за нормализирањето на монетарната политика.

Втората панел- дискусија е резервирана за излагањата на регионалниот резидентен претставник на ММФ за Централна и Источна Европа, директорот на здружениот институт од Виена и вицегувернерот од банката на Словенија, на тема „Капиталните текови - изгледите и ризиците на регионот“.

Со конференцијата во Охрид се одбележува годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.