МЗШВ

Целосна контрола на увозното и на домашното брашно

13.04.2018 13:14

Агенцијата за храна и ветеринарство преку инспекторските служби на граничните премини, континурано го следи увозот на производи и врши редовна контрола, со цел да се обезбедат безбедни увозни производи на македонскиот пазар.

Евиденцијата на маркиците што се издаваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за евидентирање на брашното пред пуштање во промет продолжува со целосна контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, како на увозното, така и на домашното брашно, соопшти денеска овој ресор.

Паралелно, Агенцијата за храна и ветеринарство преку инспекторските служби на граничните премини, континурано го следи увозот на производи и врши редовна контрола, со цел да се обезбедат безбедни увозни производи на македонскиот пазар.

Од Министерството за земјоделство соопштуваат дека во претстојниот период продолжуваат преговорите со Република Србија во насока на изнаоѓање решение од заеднички интерес во делот на контролните маркици.