САД

Поранешниот директор на ЦИА, Мајк Помпео стана нов американски државен секретар

13.04.2018 16:39

Помпео истакна дека сѐ уште нема одлука дали САД ќе се повлече од Договорот за нуклеарната програма на Иран и дека има време до рокот 12-ти мај. Според него, американските цели во Северна Кореја се смена на режимот.

Екс- директорот на ЦИА и воен ветеран, Мајк Помпео стана нов американски државен секретар.  „Како некој што служел во војна, ќе работам лично на постигнување на политиката на претседателот преку дипломатија, а не преку испраќање на мажи и жени во војна“, рече во првото обраќање.

Помпео истакна дека сѐ уште нема одлука дали САД ќе се повлече од Договорот за нуклеарната програма на Иран и дека има време до рокот 12-ти мај. Според него, американските цели во Северна Кореја се смена на режимот.

Стотици американци протестираа во неколку американски градови за време на потврдувањето на Помпео за нов државен секретар, сметајќи го за поддржувач на воени операции.