САД, Велика Британија и Франција извршија напади врз Сирија

14.04.2018 10:25

Нападнати се цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс. Станува збор за лабораторија за научни истражувања во Дамаск, во која се претпоставува дека се произведувало хемиско и биолошко оружје, две складишта за хемиско оржје во реонот на Хомс, како и воен команден центар во близната на овој град...

САД, Велика Британија и Франција извршија ракетни напади врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемискио оружје во градот Дума.

Нападнати се цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс. Станува збор за лабораторија за научни истражувања во Дамаск, во која се претпоставува дека се произведувало хемиско и биолошко оружје, две складишта за хемиско оржје во реонот на Хомс, како и воен команден центар во близната на овој град. Според сириската државна телевизија, при нападите се повредени три лица во Хомс.

Почетокот на нападите го најави американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека „во тек е заедничка операција на САД со вооружените сили на Франција и Велика Британија“. Американскиот претседател стакна дека операцијата „против варварството“ ќе трае „онолку долго колку што ќе биде потребно“, се додека Сирија не престане да користи хемиско оружје.

Според него, при акцијата се нанесени прецизни напади врз „објекти од програмата за производство на хемиско оружје на сирискиот диктатор Башар Асад“.

Трамп нагласи дека сега „судбината на режимот во Дамаск е во рацете на Сиријците“, притоа упатувајќи критики на сметка на Русија и Иран за поддршката на сириските власти.

Ова се најжестоки напади на западните земји врз силите на сирискиот претседател Башар Асад од почетокот на граѓанската војната во Сирија пред седум години.