По учеството на „Израел ве повикува“

Ај Кју ја продолжуваат евровизиската промотивна турнеја во Амстердам

14.04.2018 14:57

„Lost and Found“ продолжува да ја воодушевува публиката ширум Европа, па видеото за македонската евровизиска песна oд самото објавување е меѓу десетте најпрегледувани на официјалниот Jутуб канал...

Триесет и четири евровизиски делегации викендов присуствуваат во Амстердам кадешто вечерва ќе се одржи традиционалниот евровизиски промотивен настан „Eurovision in concert“.

Локацијата за десеттото јубилејно издание е арената Афас, чијшто капацитет изнесува пет илјади луѓе.

Пред вечерашниот концерт за сите 34 учесници беше организирано официјално претставување пред медиумите, како и бројни поединечни интервјуа.

Во меѓувреме „Lost and Found“ продолжува да ја воодушевува публиката ширум Европа, па видеото за македонската евровизиска песна oд самото објавување е меѓу десетте најпрегледувани на официјалниот Jутуб канал од вкупно 43 евровизиски песни, а „Lost and Found“ се најде и меѓу најпреслушуваните песни на повеќе онлајн платформи во некои земји, меѓу другото и како единствена евровизиска песна годинава.

Најпопуларниот евровизиски блог со огромна поддршка за Ај Кју!

Погледнете ги одличните реакции за песната „Lost and Found“ на тимот на Wiwibloggs:

 

Последниот промотивен настан на којшто Ај Кју ќе земат учество пред заминувањето во Лисабон е евровизискиот ревијален концерт во Мадрид, којшто ќе се одржи на 21 април.

Александра Јовановска