Избор за песна на Евровизија 2018

Ај Кју со одличен настап на „Eurovision in Concert“ во Амстердам

15.04.2018 14:06

Веднаш по пристигнувањето во Скопје, Ај Кју ќе настапат на финалето на СЕХА лигата како ексклузивни гости. Натпреварот ќе се емитува на програмата на МТВ1, со почеток во 20 часот и 10 минути.

Триесет и четири евровизиски делегации викендов присуствуваа во Амстердам на традиционалниот евровизиски промотивен настан „Eurovision in concert“, којшто се смета и за официјална евровизиска забава, поддржана од ЕБУ.

За десеттото јубилејно издание организаторот се потруди да обезбеди концертен простор со поголем капацитет од претходните години, па настанот се случи во арената Афас пред околу пет илјади публика.

Пред концертот за сите 34 учесници беше организирано официјално претставување пред медиумите, како и бројни поединечни интервјуа.

„Поминавме два интензивни денови во Амстердам, агендата беше навистина напорна, но задоволни сме од сработеното и од одличната организација. Навистина ни е драго што имавме прилика да настапиме во Амстердам, којшто е еден од најголемите музички центри во Европа. Тоа е град во којшто секој ден се случуваат некои музички концерти и многу ни значи добиената поддршка од публиката којашто овде има широко познавање на музиката. Исто така забележавме и дека сите се горди и благодарни што имаат прилика да бидат домаќини на овој евровизиски настан во нивниот град“, рече Бојан Трајковски.

Веднаш по пристигнувањето во Скопје, Ај Кју ќе настапат на финалето на СЕХА лигата како ексклузивни гости. Натпреварот ќе се емитува на програмата на МТВ1, со почеток во 20 часот и 10 минути.

Во меѓувреме „Lost and Found“ продолжува да ја воодушевува публиката ширум Европа, па видеото за македонската евровизиска песна oд самото објавување е меѓу десетте најпрегледувани на официјалниот јутуб канал од вкупно 43 евровизиски песни, а „Lost and Found“ се најде и меѓу најпреслушуваните песни на повеќе онлајн платформи во некои земји, меѓу другото и како единствена евровизиска песна годинава.

Погледнете го настапот на Ај Кју на „Eurovision in Concert“:

Последниот промотивен настан на којшто Ај Кју ќе земат учество пред заминувањето во Лисабон е евровизискиот ревијален концерт во Мадрид, којшто ќе се одржи на 21 април.

Александра Јовановска