САД

Трамп писмено го извести Конгресот за Сирија

16.04.2018 10:29

Според законите, претседателот е должен да го извести Конгресот во рок од 48 часа за такви акции.

Доналд Трамп писмено го извести Конгресот за одлуката за американските ракетни напади врз Сирија коишто ги изврши во координација со Обединетото Кралство и со Франција. Според законите, претседателот е должен да го извести Конгресот во рок од 48 часа за такви акции.

Во меѓувреме, Белата куќа го демантираше тврдењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека го убедил Трамп да не ги повлече трупите од Сирија. Незадоволство од генералните постапки на челникот на Белата куќа изрази и поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми.

„Од етички аспект, Доналд Трамп е несоодветен претседател за земјата. Не верувам дека е неспособен од медицински аспект, туку од морален. Претседателот мора да покаже почит и да ги признае вредностите кои се во срцето на Америка“, рече Коми.

Поради ексалацијата на фронтот, австрискиот канцелар Себастијан Курц повика на обновување на мировните преговори од 2015 година.