ЦРНА ГОРА

Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори

16.04.2018 10:44

„Ова е доказ за непобедливоста на коалицијата која е на власт во Црна Гора и потврда за решеноста на Подгорица да продолжи по патот на европскиот квалитет на живот и членство во ЕУ“, порача Ѓукановиќ, кој доби 55,89 проценти од гласовите.

Поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори.

„Ова е доказ за непобедливоста на коалицијата која е на власт во Црна Гора и потврда за решеноста на Подгорица да продолжи по патот на европскиот квалитет на живот и членство во ЕУ“, порача Ѓукановиќ, кој доби 55,89 проценти од гласовите.

На второ место е Младен Бојачиќ, кандидат на Деморатскиот фронт.