Скопје

Ревизијата утврдила ненаменско трошење на парите во општина Карпош

16.04.2018 14:32

Во 2014-та година се подигнал и кредит од 2,6 милиони евра. Намената на кредитот бил за тековни инфраструктурни проекти во Општината, но, ревизорскиот тим констатирал дека е потрошен ненаменски. Средствата целосно се искористени за плаќање на заостанати обврски.

Државниот завод за ревизија утврдил нерегуларности во материјалното и финанското работење на Општината Карпош. Градоначалникот Богоев извештајот го доставил до Обвинителството и до финансиската полиција.

Во 2014-та година се подигнал и кредит од 2,6 милиони евра. Намената на кредитот бил за тековни инфраструктурни проекти во Општината, но, ревизорскиот тим констатирал дека е потрошен ненаменски. Средствата целосно се искористени за плаќање на заостанати обврски.

Ревизорот, информира Богоев, констатира ненаменско и неоправдано трошење на буџетските средства, со доделување средства без потпишување договори на повеќе организации, здруженија на граѓани, поединци и правни лица, спортски клубови кои не давале финансиски извештаи, фактури за начинот на кој ги потрошиле доделените средства.

Во 2016-та година, исплатени се средства во износ од 618 илјади евра на КК „Соколи“, а за доделените средства, клубот нема дадено детални податоци за начинот на кој се потрошени.

Екс- градоначалникот, Јакимовски пак ги отфрли обвинувањата. Најави кривична за Богоев.