Напад врз пратеникот Села

Зеќири препозна двајца од обвинетите

16.04.2018 14:52

Зеќири посочи дека Села бил удрен со тврд предмет, но оти не можел да види кој го фрлил.

Продолжи сослушувањето сведоци за физичкиот напад врз пратеникот Зијадин Села на 27-ми април, лани во Собранието. На рочиштето се појавија тројца сведоци, меѓу кои и пратеникот на СДСМ, Мухамед Зеќири. Тој препозна двајца од обвинетите.

Зеќири посочи дека Села бил удрен со тврд предмет, но оти не можел да види кој го фрлил.

За време на сослушувањето, Зеќири рече дека кога толпата влегла во прес-центарот во Собранието, тој бил во една од кабините за превод во галеријата и оти откако Села го изнеле од прес-салата, веќе не го видел.

Зеќири рече и дека од кабината каде бил, слушнал како толпата го бара и него.

Јас лично не бев нападнат бидејќи толпата не стигна до мене, истакна Зеќири, додавајќи дека бил во галеријата се додека не почнала евакуацијата.

За обид за убиство на Зијадин Села се обвинети 10-мина.