Протести поради прегазеното момче во Ѓорче Петров

16.04.2018 15:11

Општината најави дека на критичното место на улицата „Борис Сарафов“ ќе се постави семафор. Градоначалникот Наумоски очекува со решавањето на сообраќајниот проблем, немилиот настан да не се повтори. Повика на совесност кај возачите.

По вчерашната сообраќајна несреќа во населбата Ѓорче Петров, за попладне е најавен нов протест на жителите. Бараат соодветна сигнализација.

Општината најави дека на критичното место на улицата „Борис Сарафов“ ќе се постави семафор. Градоначалникот Наумоски очекува со решавањето на сообраќајниот проблем, немилиот настан да не се повтори. Повика на совесност кај возачите.

Прегазеното 10-годишно дете, кое минувало на пешачки премин, е во стабилна здравствена состојба. Задржано е на опсервација на Клиниката за неврохирургија, со скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот Наумоски дека не презема ништо за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Велат дека ова е втор ваков случај за две недели.