Собрание

Согласност за реформските закони за судовите и за Судскиот совет

16.04.2018 15:18

Власта и опозицијата се усогласија за реформските закони за судовите и за судскиот совет. Пред извештајот на Брисел, амандманите во собраниската комисија донесени речиси без дискусија. Прифатени предлози и на ВМРО-ДПМНЕ...

Речиси без дискусија по договорот на работните групи, прифатени поголем дел од амандманите кои опозицијата ги предложи во реформските Закони за судови и Судски совет. Вратено е старото решение, во Судскиот совет, и претседателот на Врховен да има право на глас. Минаа и дисциплинските казни за неодговорните судии.

Заменик- министерот за правда, Ристовски уверува дека ќе нема проблеми и околу Кривичниот законик и Законот за јавно обвинителство кои повеќе се усогласувања со други закони.

Во јули се очекуваат поголеми измени во законите кои ќе значат вистински реформи во судството. Иако се брзаше, и викендов власта и опозицијата, постигнаа договор околу законите за судството, сепак тие до идната недела нема да се најдат на пленарна седница бидејќи службено е отсутен спикерот Џафери.

 

Миле Ристески