Стопанска комора

Промовирана судница за арбитражни спорови

16.04.2018 15:25

Промовирана новата судница за арбитражни спорови. Апел до државните институции и до општините, споровите да ги решаваат преку Арбитражниот суд, а не со судски постапки, поради краткото време на арбитражата. Во Македонија годишно на овој начин меѓу компаниите се решават околу 10 спорови...

Стопанската комора на Македонија промовираше судница за арбитражни спорови. Испрати апел до државните институции и до општините да не отвораат класични судски постапки, а и компаниите да го користат овој начин за разрешување на недоразбирањата како објективен, поевтин и побрз. Од постојаниот Суд за арбитража при Комората, велат дека постапки во просек траат околу седум месеци.

Во Македонија, компаниите сè уште недоволно ја користат арбитражата како средство за решавање на споровите, иако има договори во кои е вметната како клаузула.

Решението што ќе бидат донесено преку арбитража е извршно. Ова значи дека странките немаат право на жалба или на повторување на постапката. Во Македонија, годишно на овој начин се решават околу 10 спорови меѓу компании.

 

Дијана Ценевска