Обновен економскиот дијалог меѓу Кина и Јапонија

16.04.2018 15:27

Првиот дијалог од ваков вид беше одржан во август 2010 година. Јапонскиот министер порача дека двете земји се согласиле оти потенцијалната трговска војна би можела да има сериозни последици врз светската економија.

Речиси по осум години, Кина и Јапонија ги обновија економските преговори на високо ниво. Првиот дијалог од ваков вид беше одржан во август 2010 година. Јапонскиот министер порача дека двете земји се согласиле оти потенцијалната трговска војна би можела да има сериозни последици врз светската економија.

Додаде дека постои можност Јапонија да соработува со Пекинг на кинеските проекти во рамките на иницијативата „Еден појас- еден пат“, иницијатива што ја најави кинескиот претседател Џин-Пинг во 2013-та година.