Метео: Променливо облачно, локални врнежи од дожд

16.04.2018 15:31

Во наредните денови и натаму се очекуваат локални врнежи, а од петок ќе настапи целосно стабилизирање на времето.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд на места поројни проследени со услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Во наредните денови и натаму се очекуваат локални врнежи, а од петок ќе настапи целосно стабилизирање на времето.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска