Согласност за законите

16.04.2018 15:46

Власта и опозицијата се усогласија за реформските закони за судовите и за Судскиот совет. Амандманите во собраниската комисија донесени речиси без дискусија...

Речиси без дискусија по договорот на работните групи, прифатени поголем дел од амандманите кои опозицијата ги предложи во реформските Закони за судови и Судски совет. Вратено е старото решение, во Судскиот совет, и претседателот на Врховен да има право на глас. Минаа и дисциплинските казни за неодговорните судии.

Заменик- министерот за правда, Ристовски уверува дека ќе нема проблеми и околу Кривичниот законик и Законот за јавно обвинителство кои повеќе се усогласувања со други закони.

Во јули се очекуваат поголеми измени во законите кои ќе значат вистински реформи во судството. Иако се брзаше, и викендов власта и опозицијата, постигнаа договор околу законите за судството, сепак тие до идната недела нема да се најдат на пленарна седница бидејќи службено е отсутен спикерот Џафери.

 

Миле Ристески