Турција

Отстрането грчкото знаме од остров во Eгејското Mоре

17.04.2018 10:27

Јилдирим потврди дека крајбрежната стража на Турција го тргнала грчкото знаме од остров во источниот дел на Егејското Море, чиј суверенитет се оспорува од Анкара.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим потврди дека крајбрежната стража на Турција го тргнала  грчкото знаме од остров во источниот дел на Егејското Море, чиј суверенитет се оспорува од Анкара.

Предупреди дека Турција „нема да толерира ескалација на тензиите од страна на соседна Грција“. Во петокот групата Грци го крена грчкото знаме на ненаселениот остров Андропотос.

Тензиите помеѓу Турција и Грција се зголемија во последните месеци заради територијални спорови во Егејското Море, поради одбивањето на Грција да врати осум турски војници, кои избегаа таму по обидот за преврат против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2016-та година.