Соопштение за полагање испит за агенти на пензиски друштва

04.05.2018 17:13
 
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС ја известува јавноста дека:  првиот дел (теоретски дел) за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи на 14.05.2018 година со почеток во 13:30 часот (просторија 1). Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор дел (практичен дел) на 22.05.2018 година во 13:00 часот (просторија 1).
 
 
Локација на испитниот центар:
 
Правен факултет „Јустинијан Први“
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје
Република Мaкедонија