Почнуваат Мајските оперски вечери

09.05.2018 10:56

Отворањето е со премиерата на операта „Боеми“, а до крајот на фестивалот ќе бидат изведени уште две популарни опери на Пучини- „Тоска“ и „Турандот“.

Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, што ќе се случи пред платото на Македонската опера и балет, вечер свечено ќе бидат отворени Мајските оперски вечери кои се одржуваат по 46-ти пат. Ќе бидат во знакот на 160-годишнината од раѓањето на Џакомо Пучини.

Отворањето е со премиерата на операта „Боеми“, а до крајот на фестивалот ќе бидат изведени уште две популарни опери на Пучини- „Тоска“ и „Турандот“.

„Боеми“ во Македонската опера и балет ќе биде изведена по пауза од 11 години, овојпат во режија на Дејан Прошев.

Како вовед во 70- годишнината од основањето на Балетот на МОБ, ќе има и балетски концерт, со учество на солисти-првенци, балетскиот ансамбл и гости од Србија, Хрватска и Бугарија.