Лисабон 2018

Познат редоследот за настап на големото финале на Изборот за песна на Евровизија

11.05.2018 09:04

Во големото финале на Евровизиската сцена ќе видиме вкупно 26 земји и национални евровизиски претставници, по 10 земји од полуфиналните вечери, националните евровизиски претсавници на земјите од Големата Петорка и земјата домаќин Португалија.

Со директниот пренос од втората полуфинална вечер во четвртокот на 10 ти мај, се дефинираа новите десет земји коишто го заокружуваат бројот на учесниците во финалето, коешто ќе се одржи на 12 ти мај 2018 година, со почеток во 21 часот по македонско време.

Во големото финале на Евровизиската сцена ќе видиме вкупно 26 земји и национални евровизиски претставници, по 10 земји од полуфиналните вечери, националните евровизиски претсавници на земјите од Големата Петорка и земјата домаќин Португалија.

На прес конференциите одржани, по завршувањето на секоја од полуфиналните вечери, по пат на ждрепка беа извлечени редните броеви за настап во првата или втората половина од шоуто, а организаторот, Европската Ррадио Дифузна Унија и овојпат го задржа правото, да ги распредели учесниците на стартните позиции според ритамот и комплетниот сценски визуелен формат на композицијата, со цел „секој од учесниците, да добие подеднаков третман и внимание кај евровизиската публика“.

Секако големо влијание има и факторот „време“, коешто е потребно за поставување на, бројните, тешки и скапи сценски елементи, коишто ги имаат некои од учесниците во текот на настапот на евровизиската сцена.

Ова се земјите и изведувачите, коишто ќе ги видиме во големото евровизиско финале во сабота на 12 мај:

  • УКРАИНА: MELOVIN- Under The Ladder
  • ШПАНИЈА: Amaia y Alfred - Tu Canción
  • СЛОВЕНИЈА: Lea Sirk     - Hvala, ne
  • ЛИТВАНИЈА : Ieva Zasimauskaitė - When We're Old   
  • АВСТРИЈА : Cesár Sampson - Nobody But You
  • ЕСТОНИЈА : Elina Nechayeva - La Forza
  • НОРВЕШКА: Alexander Rybak - That's How You Write A Song
  • ПОРТУГАЛИЈА: Cláudia Pascoal -O Jardim
  • ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО: SuRie -Storm
  • СРБИЈА : Sanja Ilić & Balkanika -Nova Deca
  • ГЕРМАНИЈА: Michael Schulte -You Let Me Walk Alone
  • АЛБАНИЈА: Eugent Bushpepa - Mall                    
  • ФРАНЦИЈА : Madame Monsieur Mercy
  • РЕПУБЛИКА ЧЕШКА : Mikolas Josef - Lie To Me                                             
  • ДАНСКА: Rasmussen-Higher Ground
  • АВСТРАЛИЈА: Jessica Mauboy - We Got Love
  • ФИНСКА : Saara Aalto - Monsters                          
  • БУГАРИЈА : EQUINOX- Bones  
  • МОЛДАВИЈА: DoReDos - My Lucky Day
  • ШВЕДСКА : Benjamin Ingrosso -Dance You Off
  • УНГАРИЈА : AWS - Viszlát Nyár
  • ИЗРАЕЛ: Netta-TOY                                                                     
  • ХОЛАНДИЈА: Waylon - Outlaw In 'Em
  • ИРСКА : Ryan O'Shaughnessy - Together                                                            
  • КИПАР : Eleni Foureira - Fuego
  • ИТАЛИЈА: Ermal Meta e Fabrizio Moro -Non Mi Avete Fatto Niente


На втората генерална проба во петок на 11 мај, ќегласа стручното жири, а на 12 мај во текот на директниот пренос , право на глас ќе има целокупната евровизиска публика во сите 43 земји колку што годинава учествуват на Изборот за Песна на Евровизија, Лисабон - 2018.

Највисоките евровизиски поени за прворангираната композиција( според вкусот на Македонското национално жири и резултати од телевоутингот на македонската публика во однос 50:50%) ќе ги соопштува Јана Бурчевска , македонскиот евровизиски претставник На Изборот за песна на Евровизија, Киев 2017.

Директниот пренос од финалната вечер на Изборот за песна на Евровизија, ексклузивно проследете го, на фрекфенциите на Македонската Телевизија и Македонското радио, со почеток во 21:00 часот.

 

Каролина Петковска, специјален известувач од Лисабон за МРТ