БИЗНИС

И општините да повлекуваат средства од ИПАРД

15.05.2018 13:07

И општините треба да се насочат кон повлекување на ИПАРД средствата. Програмата овозможува реализирање проекти од 10, 20 и 50 илјади евра. Ќе се користи словенечкото искуство. Македонија до 2020-та, за земјоделството на располагање има 80 милиони евра...

И општините повеќе да користат средства од ИПАРД 2. Ова е можност, вели првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Бабамовски, земјава да се насочи кон квалитетни и конкурентни производи, а преработувачката индустрија да повлече што повеќе пари.

За речиси еден месец ќе биде распишан нов повик. Проектите ќе бидат финансирани со 10 до 50 илјади евра. Од средствата од ИПАРД во изминативе години биле искористени само незначителни 17 проценти. Ќе се користи словенечкото искуство за повлекување европски пари. Словенечкиот амбасадор во Македонија вели земјата има голем потенцијал. Платежната агенција на Словенија речиси 99 насто работи електронски.

Македонија до 2020 година има на располагање вкупно 80 милиони евра за земјоделството. Досега за ИПАРД 2 се потпишани над 100 договори за повеќе од 4,6 милиони евра кофинансирање, најмногу во преработувачката индустрија и за обнова на земјоделската механизација.

 

Дијана Ценевска