Корејски Полуостров

Можно откажување на средбата Трамп- Ким

16.05.2018 13:14

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се закани дека ќе откаже закажаната средбата со американскиот претседател Трамп. Американско- јужнокорејските вежби ги нарече провокација. Пентагон тврди воените вежби се рутински...

Северна Кореја го откажа состанокот со јужниот сосед и се закани дека истото ќе го стори и со состанокот со претседателот на САД, Трамп, поради Американско- јужнокорејските вежби кои ги смета за обид за инвазија и провокација. Пентагон тврди дека воената вежба е рутинска и со одбранбен карактер и дека има за цел подобрување на способностите на САД и Јужна кореја да дејствуваат заедно. Извештајот за одлуката на пјонгјанг доаѓа откако се чинеше дека е постигнат долго очекуваниот напредок во односите меѓу двете Кореи.

„Жалиме за одлуката на Северна Кореја еднострано да ги одложи преговорите на високо ниво меѓу двете Кореи поради заедничките годишни вежби на САД и Јужна Кореја. Тоа не соодветствува со духот и целта на декларацијата „Панмунџом“ потпишана од двајцата лидери на 27 април“, рече Баик Тае-Хјун, портпарол на Министерството за унифицирање на Јужна Кореја.

„Намерата на Северна Кореја со откажувањето на разговорите е да ја контролира брзината со која ќе се развиваат односите меѓу двете земји“, смета Јанг Му-Јин, професор по севернокорејски студии.

Властите од Пјонгјанг изјавија дека нема да бидат заинтересирани за дијалог со Вашингтон, доколку Белата куќа продолжи да инсистира Северна Кореја целосно да се откаже од нуклеарното оружје.

Заменик министерот за надворешни работи на Северна Кореја рече дека земјата нема намера да учествува на самит базиран врз еднострани барања. Ким Јонг Ун Пак изјави дека ќе и излезат в пресрет на администрацијата на Трамп доколку на самитот му пристапи со искрена намера да се подобрат односите.

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун е закажана за 12 јуни во Сингапур. Од Стејт Департментот велат дека немаат никакви информации за откажување на најавениот самит.

Марина Ристова