Богов се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ

16.05.2018 13:33

Заблагодарувајќи се за номинацијата од претседателот Иванов, Богов во писмената изјава до медиумите нагласува дека одлуката ја донел имајќи ги во вид реакциите на дел од чинителите во политиката, како и роковите за избор на гувернер.

Актуелниот гувернер Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за нов мандат на чело на Народната банка. За тоа веќе го известил претседателот Иванов кој го предложи за нов гувернерски мандат.

Заблагодарувајќи се за номинацијата од претседателот Иванов, Богов во писмената изјава до медиумите нагласува дека одлуката ја донел имајќи ги во вид реакциите на дел од чинителите во политиката, како и роковите за избор на гувернер.

Мандатот на гувернерот Богов завршува на 20-ти мај, а на 21-ви мај на новата седница на Собранието, според собраниски извори, ќе биде ставена точка на дневен ред за избор на нов гувернер.