Метео: Сончево со умерена облачност, температура до 28 степени

16.05.2018 14:10

Претежно стабилно време ќе имаме и во петок, а нови поизразени врнежи со појава на грмежи се очекуваат за време на викендот, особено во сабота.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе достигне до 28 степени. Претежно стабилно време ќе имаме и во петок, а нови поизразени врнежи со појава на грмежи се очекуваат за време на викендот, особено во сабота.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска