Сретен Давидов- најдобар млад научник за 2017 година

16.05.2018 14:24

Доктор Сретен Давидов е прогласен за најдобар млад научник. Зад него веќе се четири научни трудови, а коавтор е и на уште осум конференциски труда. Работи на полето на електричните возила...

Сретен Давидов твори на полето на електротехниката. Придонесува кон решение за еден од најгорливите проблеми на нашиот град- аерозагадувањето. Креативното решение на д-р Давидов се електричните возила. Вели дека како инженер верува во третиот Њутнов закон. Водејќи се од оваа физичка законитост доколку напорната работа, вложениот труд, упорноста се во склопот на поимот акција, тогаш последично, како реакција се јавува успехот, рече младиот научник Давидов.

Сретен Давидов е автор на четири научни труда објавени во ревија со импакт- фактор. Автор е и коавтор на осум конференциски труда. Учествувал и во неколку научни проекти.

Благодарение на нашите креативци, пред очи гледаме како некогашната научна фантастика денеска станува фантастична наука, истакна претседателот Иванов.

Многу од технологиите и уредите кои денеска ги сметаме за апсолутно незаменливи, наскоро ќе се најдат во музејските полици, а можеби д-р Давидов ќе помогне еден од тие експонати да бидат и возилата на фосилни горива, рече претседателот Иванов.

Александра Спировска