Анита Ангеловска- Бежоска нов предлог за гувернер на НБРМ

16.05.2018 15:26

Ангеловска- Бежоска доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на НБРМ и е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Откако актуелниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов се повлече од кандидатурата за уште еден мандат на функцијата, шефот на државата Ѓорге Иванов за нов гувернер ја предложи актуелната вицегувернерка, Анита Ангеловска- Бежоска.

Таа доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на НБРМ и е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Ангеловска- Бежоска е осум години на функцијата вицегувернер во НБРМ, задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика. Од 2004-та до 2010-та година Ангеловска-Бежоска била главен економист во НБРМ. Воедно, била ангажирана во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, во Одделот за макроекономски политики во европските земји и во Одделот за фискални политики.

Богов одлучи да се повлече од кандидатурата за нов мандат на чело на Народната банка, а за неговата одлука го известил и претседателот Иванов. Заблагодарувајќи се за номинацијата, Богов во писмената изјава до медиумите нагласува дека одлуката ја донел имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите во политиката, како и роковите за избор на гувернер.

Мандатот на Богов завршува на 20-ти мај.