МТВ ги покани на ТВ- дуел Заев и Мицкоски

16.05.2018 16:16

ТВ- дуелот би се реализирал во Македонската телевизија, а терминот би се утврдил во координација со кабинетите на двајцата соговорници...

Македонската телевизија ги покани на ТВ- дуел претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во поканата се наведува дека прашањата би биле за теми поврзани со актуелната политичко-економска состојба во земјава.

ТВ- дуелот би се реализирал во Македонската телевизија, а терминот би се утврдил во координација со кабинетите на двајцата соговорници во зависност од нивните активности.