Економска соработка

Прилепскиот мермер и тутун може да се најдат на чешкиот пазар

16.05.2018 16:31

Текстилната индустрија, прилепскиот мермер и тутун може да се најдат на чешкиот пазар, а прилепските стопанственици да влезат во електронската база на податоци со чешките компании, најаваија денеска прилепските локални власти, стопанствениците при средбата со чешкиот амбасадор. Локалните власти ќе работат на проект младите да останат во земјава...

Прилеп ќе ја унапредува економската, трговската, културната и туристичката соработка со Република Чешка, констатираа денеска прилепските локални власти, стопанствениците од регионалната комора по средбата со чешкиот амбасадор Мирослав Томин.

Стопанствениците сакаат да се најдат во елекстронската база на податоци на чешките комапнии за контакти и соработка. Досега на чешкиот пазар забележливо присуство има текстилната индустрија, а мермерот веќе е вграден во чешкото метро.

Прилепските локални власти нагласуват дека ќе се работи на проект за младите македонски кадри да останат во земјава.

Чешка безбрезервно ќе ја поддржува Македонија за членството во НАТО и Европската Унија. Оваа земја е на 23-то место како трговски партнер на Македонија со вкупна размена лани од 178 милиони долари.

Чешка е заинтересирана за соработка и во екстремните спортови по што Прилеп е познат а би учествувала на една од најпознатите манифестации „Пивофест“.

 

Елизабета Митреска