Земјоделство

Повеќе мерки за органските производители

17.05.2018 10:19

За одгледувачите на органски добиток се подготвува оглас за доделување на државно земјиште под закуп за производство на добиточна храна. При огласувањето на субвенциите за млади фармери од оваа година предност при распределбата на финансиската поддршка ќе имаат органските производители...

Се подготвуваат новини за зголемување на органското производство. Министерството за првпат планира да објави јавен повик за доделување на државно земјоделско земјиште за производство на органска добиточна храна.

Овој месец треба да биде распишан и оглас за неповратни 70 милиони денари поддршка за младите фармери, а при доделувањето на средствата предност ќе имаат органските производители.

Почна и мапирањето на регионите за органското производство, а при крај е и регистарот на органски оператори преку кој ќе се добијат податоци за сите производители, вид на култури, локација на производството и планирани количества со што евентуалната манипулација на потрошувачите ќе биде сведена на минимум и ќе се знае од кого и што купуваат.

Во соработка со Министерството за здравство се подготвува и така наречено органско мени за Детската клиника кое подоцна ќе ги опфати и градинките и основните училишта.

 

Методија Трајков