СОФИЈА

ЕУ единствена за Иранскиот нуклеарен договор и меѓународната трговија

17.05.2018 10:28

Работната вечера во бугарската престолнина Софија не заврши со официјални одлуки.

Лидерите од Европската унија се единствени во заедничкиот одговор на постапките на претседателот Доналд Трамп во контекст на иранскиот нуклеарен договор и меѓународната трговија.

Работната вечера во бугарската престолнина Софија не заврши со официјални одлуки. Најавија дека ќе продолжат да се борат за меѓународниот систем заснован на правила и покрај неодамнешните одлуки за климата, царините и за Иран.